Најмалку 22 војници и цивили загинаа во два инцидента на северот од Авганистан
Најмалку 22 припадници на безбедносните сили и цивили се убиени во два одделни инцидента во северните авганистански провинции Кундуз и Баглан, денеска соопштија официјалните претставници.
ДПА пренесува дека талибанските милитанти зазеле воена база во округот Имам Сахиб, во Кундуз, при што во нападот загинале најмалку 15 војници, изјави членот на провинцискиот совет, Аминула Ајдин.
Друг советник, Сафиулах Амири, кажа дека во нападот биле убиени 17 лица. Двајцата официјални лица потврдија дека уште 13 лица биле повредени во инцидентот.
Во меѓувреме, во воздушен напад на периферијата на главниот град на провинцијата Баглан, Пул-е Кумри, загинале седуммина цивили, вклучувајќи и шест деца, изјави пратеникот Асадула Шахбаз и член на провинцискиот совет, Шамсулхак Баракзаи.
Не е познато кој ги извел воздушните напади, велат официјалните претставници.
Бранот насилство низ целата земја резултира со жртви речиси на секојдневна основа и покрај тековните разговори за изнаоѓање политичко решение на кризата во земјата, наведува ДПА.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација