Најмалку 19 загинати во напад врз авганистанските безбедносни сили
Најмалку 19 припадници на авганистанските безбедносни сили и цивили загинаа во одвоени напади низ земјата, јави ДПА.
Најмалку 13 полицајци и цивили се убиени вчеравечер во заседа на талибанците, изјавија официјални претставници. Осуммина други се ранети, вклучувајќи го и шефот на обласната полиција.
Шефот на полицијата правел свадбена веселба во својот дом, кога бил информиран за нападот на талибанците врз неговите колеги, за ДПА изјави провинцискиот советник Азам Афзали.
Тој веднаш заминал со своите колеги да го спречи нападот, но сите биле заробени, додаде Афзали. Полицаецот младоженец во судирот со талибанците, што траел 2,5 часа, и во кој и самиот бил ранет, загубил двајца од своите браќа.
Германската агениција јавува за уште најмалку шест убиени војници во друг ноќешен напад врз контролен пункт на безбедносните сили во областа Аргхандаб, во јужната провинција Забул, соопштија од Министерството за одбрана.
Во главниот град Кабул, пак, четири лица биле ранети откако нивното возило било погодено од бомба.
Насилството во Авганистан продолжува и покрај договорот меѓу САД и талибанците и плановите за разговори меѓу милитантите и авганистанската Влада.
Талибанците ја презедоа одговорноста за повеќе од 400 напади во минатиот месец, наведе ДПА, цитирајќи воен магазин.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација