Свет
27. јуни 2022 - 12:36

Најмалку 155 деца загинаа при земјотресот во Авганистан

Обединетите Нации соопштија дека најмалку 155 деца загинаа при земјотресот минатата недела во југоисточен Авганистан.

Организацијата на ОН за хуманитарни прашања информираше за 250 деца повредени за време на земјотресот во планинските села во провинциите Пактика и Хост, кај границата со Пакистан.

Најмногу загинати деца има во тешко погодениот Гајан во Пактика.