Најмалку 15 лица повредени во протестите во Барселона
Најмалку 15 лица се повредени во денешните протести поради седницата на шпанската Влада во Барселона, соопшти регионалната служба за Брза помош.
Ситуацијата во Каталонија денеска мина тензично, со судири меѓу радикалните сепаратисти и полицијата. Седницата на шпанската Влада се одржа со силно полициско обезбедување, која каталонските сепаратисти ја оценија како „провокација“.
Шпанските полицајци од автопатиштата одвлекоа демонстранти кои протестираа против посетата на премиерот Педро Санчез. Десетици демонстранти, од кои некои носеа флуоросцентни елеци, по примерот на француските „жолти елеци“ седнаа на автопатот АП7, кој минува долж медитеранскиот брег, држејќи се за раце, подигнати во воздух. Интервентната полиција ги одвлече од автопатот. При протестите блокирани беа околу 40 улици.
Едно лице е уапсено во центарот на Барселона со материјал кој може да се искористи за изработка на експлозивна направа. Вкупно, за инциденти поврзани со насилство се уапсени шест лица.
Дваесетина сепаратистички организации, вклучувајќи го и влијателното Национално собрание на Каталонија, кое во последниве години организираше повеќе митинзи за независност, повикаа на големи демонстрации во центарот на Барселона вечерва, во 18 часот по локално време.
Ново на Сител
-
Обвинителен предлог против 11 лица во врска со злоупотребата при издавање на пасоши
-
Џафери: Собранието треба да се деблокира на секое ниво, без условувања и ултиматуми
-
Приведен 33 годишен дилер од Скопје
-
Бугарското обвинителство соопшти дека откриле група за купување гласови за изборите финансирана од земја надвор од ЕУ
-
Мицотакис: Целта е да стигнеме до безбеден Велигден и послободно лето
-
СДСМ: Мицкоски продолжува само со борбата за спас на криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
949 новозаразени со коронавирус, 33 починати меѓу нив 25 годишен пациент
-
Пендаровски: Вакцинацијата да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението