-->
-->
Најмалку 11 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Сирија
-->
Најмалку 11 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, а повеќемина се ранети во експлозија на автомобил-бомба во сирискиот град Африн, соопштија медицински извори и Сириската опсерваторија за човекови права.
Бомбата експлодирала на влезот од градот, соопшти Опсерваторијата, со седиште во Велика Британија.
Африн се наоѓа северно од Алеп, во близина на границата со Турција.
-->
-->
-->