Живот
15. August 2019 - 10:01

Најголема добивка во историјата на лотаријата: Среќниот добитник за 2 евра освои 209 милиони

Најголема добивка во историјата на италијанската популарна лотарија, СуперЕналото, вредна 209 милиони евра исплатена е денеска, а среќнито ливче е купено во местото Лоди.

Добитникот за 2 евра купил ливче во барот „Марино“ и тој му донел среќа и феноменална добивка.

Оваа добивка ја надмина лотаријата Еуромилиони и Еуроџекпот каде најголема добивка беше 75 милиони, како и американските Мега Милиони и Пауербол, каде се извлечени добивки од 65 и 138 милиони долари (околу 58 и 123,5 милиони евра).