Живот
8. January 2016 - 12:06

Најголем досега: Џекпотот на американската лотарија изнесува 675 милиони долари

Откако никој во минатото коло во американскиот Пауербол не ја погоди вистинската комбинација на бројките за добивка од 500 милиони долари, џекпотот сега порасна на рекордни 675 милиони долари.

Претставник на Американска лотарија соопшти дека за следното коло продадени се дури 300 милиони ливчиња.

- Тоа е за 10 пати повеќе од вообичаено што продаваме. Убедени сме дека џекпотот овојпат ќе биде освоен, со оглед на големиот број играчи кои учествуваат во неговото извлекување. Ова е најголема добивка на сите времиња во светот, рече Кели Крип, портпаролката на Американска лотарија.

Пауербол е најпопуларната наградна игра на оваа компанија. Се игра неколку пати неделно, а доколку никој не ја погоди вистинската комбинација бројки, главната награда се зголемува за 50 милиони доларо.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, џекпотот последен пат е извлечен на 7 ноември 2015 година, што значи имало 17 извлекувања без победник.