Тенис
30. January 2018 - 13:08

Најдобрата светска тенисерка стартува од нула?!

Системот на вреднување во светскиот тенис нема милост и кон најдобрите. Серена Вилијамс иако со недели речиси 6 години беше на врвот на ВТА листата  поради предолго паузирање ќе мора да стартува од нула поени и буквално е избришана од рејтинг листата.

Серена паузира  точно една година откако триумфираше на Австралија Опен и ја освои 23. Гренд слем титула. Таа замина на пауза бидејќи беше бремена и се породи во септември. Минатата година ја заврши на 22. место, но бидејќи една година не играла, сега сите поени и се избришани и таа почнува од почеток.

На терените треба да се врати во рамките на Фед купот во кој САД играат против Холандија, а во ВТА турот ќе заигра во март на Индијан Велс.