Бизнис
25. February 2016 - 16:28

Најдобар ефект од странските инвестиции има во гранки кои досега ги немало во земјава

Најдобар ефект од странските директни инвестиции има во гранки кои досега ги немало во земјава. Електрониката особено автомобилската  се некои од нив.Со нивниот развој се менува и структурата на извозот од земјава.

Потребна е поголема транспарентност во субвенциите кои државата ги дава на инвеститорите, и треба повеќе да се работи на подобрување на соработката помеѓу странските инвеститори и домашните компании кои можат да ги снабдуваат.

Ова се некои од резултатите од спроведеното истражување на здружението на млади аналитичари во кое се опфатени 9 странски компании кои вработуваат околу 9600 лица.

Економските експерти согласни дека странските инвестиции се особено битни за една мала економија како македонската.

Дополнителниот заменик министер за финансии од редовите на СДСМ потенцираше дека нема податоци за тоа колку изнесуваат субвенциите кои државата ги дава на инвеститорите, и дека треба повеќе внимание да се посвети на домашните компании.

Во извештајот од истражувањето спроведена е и анкета со 1100 испитаници во која стои дека 56 % од нив имаат позитивно мислење за ефектите кои странските директни инвестиции ги имаат врз македонската економија.

Од нив сопствениците на бизниси се без јасна определба, додека помеѓу студентите и вработените во овие компании преовладува позитивно мислење.