Најчудно име на светот: Можете ли да прочитате како се вика ова момче?
Дали знаете дека во Шведска има закон кој ја ограничува слободата на родителите да го нарекуваат детето како сакаат? Во знак на протест против овој закон, Елизабет Халин и Лас Дидиг се обиделе на своето дете да му дадат необично име.
Brfxxccxxmnpcccclllmmnprxvclmnckssqlbb11116 е целото има на ова дете, а родителите наведуваат дека се изговара Албин. Имано, според законот, родителите на ова дете до 5. роденден морале да го пријават во судот со одредено име.
Бидејќи тие не успеале тоа да го направат на време, судот во Халмсатд, јужна Шведска ги казнил со 5.000 круни. Како одговор на казната, родителите поднеле име за регистрација кое има 43 знаци. Но, судот го одбил новото име и ја потврдил казната.
Родителите тогаш се обиделе да го сменат името во само едно А, што исто така се изговара Албин, но судот повторно не им излегол во пресрет, повикувајќи се на забраната за имиња со една буква.
Ново на Сител
-
Владата ќе продолжи со субвенциите за сметките за струја
-
Во охридско-струшкиот регион потребна е изградба на ски центри за економски развој и подем на туризмот
-
Владата испраќа помош за настраданите во земјотресот
-
Тема на денот со професорот Михаил Гаревски
-
МОК: Мојсоски има проблеми со државата а не со нас
-
АМС ги негира обвинувањата за криминал
-
Каде точно удрија земјотресите?
-
Двајца ученици од Македонија повредени во разорните земјотреси во Турција