Живот
19. March 2017 - 13:29

Најчести причини што предизвикуваат страв и одбивност да се посети Стоматолог?

Многу луѓе мора да се потсетат дека е важно да одат на стоматолог редовно, но многу луѓе имаат голем страв од стоматолог. Луѓето треба да одат на стоматолог два пати годишно, за чистење забен камен и преглед, а некои поединци треба и повеќе, ако тие се идентификувани како "ризични пациенти".
 
Главната причина да се оди на забар е да се задржат забите во одлична здравствена состојба. За време на сесијата може да се понудат совети и предлози, за решавање на проблемите со вашите заби и да му поставите различни прашања на вашиот стоматолог, во однос на проблемите што ги имате. 
 
Повеќето проблеми со забите не се болни, кога не се во напредната форма. За жал, кога проблемите се во напредната форма, забите мораат да бидат ендодонтски третирани и во краен случај извадени. Со редовно одење на стоматолог може да се внимава на забите со помош на стоматолошки прегледи и рендген снимки.На забар може да се идентификуваат разни промени, кои може да претставуваат потенцијален ризик за појавување на проблеми со вашите заби. Стоматологот, исто така може да идентификува потреба од носење на разни протези, протетски помагала и други мерки за заштита на вашето орално здравје. 
 
ИГЛИ
Број еден на оваа топ листа. Стравот од игли и инјекции за некои луѓе е огромен.Тоа е една од најголемите причини за фобија кај возрасните, а кај децата е уште пострашно. 
 
АНЕСТЕЗИЈА
Анестезијата е опција за интервенција без болка, но доколку се има страв од боцкање и игли треба да се направат минимално – инвазивни зафати.Мислам дека е убаво да се избегне анестезијата кога не е потребна.Правилната болка е неопходна за управување во повеќето инвазивни методи во стоматологијата.
 
БОЛКА
"Дали ќе боли?" Тоа е прашанјето сто најчесто си го поставуваат многумина пациенти кога ке седнат на стоматолошкото столче.Ова е една од најчестите причини зашто луѓето ги мразат стоматолозите.
 
Современите стоматолошки ординации треба да бидат удобни и релаксирани.Секој мрази болка и ако некогаш издржал стоматолошка болка знае колку ужасна може да биде. Тоа е причината зошто толку многу луѓе не соработуваат со своите стоматолози.
 
Забите се ранливи, и едни од најчувствителна област во вашето тело па затоа стоматолошката болка е многу реална. Во минатото, многу луѓе почувствувале болка на стоматолог, и никогаш не сакаат да почувствуваат такво нешто уште еднаш.
 
НЕМИРОТ
Чувство на страв е застапено пред и за време на закажаната средба. Дури и да нема болка,заканата за болка и другите предизвикувачи на страв создаваат немир кај пациентот.
Некои луѓе не можат да спијат мирно ноќта пред нивната средба со стоматолог. Затоа стоматологот треба да разговара со пациентот и да му објасни се во врска со зафатите што треба да ги направи. 
 
ИНВАЗИВНОСТ
Стоматологија е инвазивна.Работењето во устата пациентите можат да го сватат како инвазија во личниот простор. Ако стоматологот не е нежен пациентите може да се чуствуваат повредени од инвазивноста на стоматолошките процедури. 
 
ЗВУЦИ И МИРИС
Кај некои луѓе звукот на турбината и антисептичкиот мирис на медицински и стоматолошки ординации создава страв и немир.Ординациите треба да се одржуваат исклучително чисти и во спа – атмосфера, со лесна релаксирана музика во позадина со што пациентите ќе се чуствуваат удобно. 
 
ПРЕДАВАЊА
Ако пациентот веќе се чувствува виновен или засрамен од ситуацијата во својата уста, последно нешто што сака е причина плус да се чувствува уште полошо. Затоа стоматологот не треба да одржува предавања од типот- како си можел да не одиш на забар, да ги доведеш забите во ваква ситуција и слично. Исто така и бомбардирањето со информации каде што стоматологот ќе го покажува професионално знаење кај пациентот ке создаде одбивност. Затоа најдете стоматолошки тим што ќе ви посвети внимание, ќе ве сослуша и ќе се погрижи да се чуствувате сигурни и безбедни. 
 
ЦEНАТА
Високите цени за стоматолошките услуги во некои ординации претставуваат вистински проблем кај пациентите и уште од почетокот се создава лоша слика за финансискиот дел од стоматолошките услуги.Често се прашуваат- Колку ќе ме чини да отидам на стоматолог? Дали треба да подигнам кредит за да одам на стоматолог? Од друга страна кај некои луѓе приоритет се други работи.Парите што треба да ги дадат за стоматолог, попрво би ги потрошиле на некоја друга работа, што им претставува задоволство.Лично за мене, забите и здравјето се приоритет пред се.Затоа треба да се оди почесто на стоматолог, да се одржуваат забите, за да се избегнат поголеми зафати што би претставувале повисок финансиски трошок.
 
СИРОМАШНИТЕ УСЛУГИ
Секоја стоматолошка установа ветува првокласна услуга. Веднаш штом ќе влезете од влезната врата се дознава вистината – односно, дали се има бренд, интегритет и голема репутација или тоа е само една лажно создадена слика.