Македонија
16. јуни 2016 - 8:44

Најавено масовно доаѓање на печалбрите во Дебарско

Здруженијата на нашинците во западноевропските земји и САД најавуваат нивно масовно доаѓање во родниот крај ова лето.

Тие велат дека се очекува ова лето во Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река да пристигнат над 11 илјади нашинци кои летните одмори ќе ги поминат со своите најблиски во родниот крај.

По традиција, најпрво доаѓаат иселениците од САД, од каде се очекува да дојдат повеќе од три илјади. Помал број веќе се пристигнати, но помасовно се очекуваат кон крајот на овој месец.

Од западноевропските земји, најмногу од Италија, Германија, Швајцарија и Луксембург, каде и има најмногу печалбари од овој крај, треба да пристигнат околу осум илјади.

Тие доаѓаат најмногу кон средината на јули, кога во дебарско-реканскиот крај и во Жупа се прават најмногу веселби.

И оние кои живеат во Европа и тие во Америка почнуваат да се враќаат назад кон крајот на август.