Спорт плус
5. July 2019 - 13:51

Најава од страна на Карате клубот Макпетрол, за одржување и учество на карате светска лига во Умаг, Хрватска - 2019

Почитувани,

Денеска каратистите од Карате клубот Макпетрол - Скопје, заминуваат на турнир од Светската карате лига за младинци во Умаг, Хрватска. Во периодот од 5ти до 7ми Јули 2019 година, ќе се одржи светскиот Карате куп или Светска лига за младинци. На ова првенство до сега има пријавено вкупно 2669 учесници од 73 држави од целиот Свет.

Големата масовност и пријавени квалитетни натпреварувачи укажуваат дека во Умаг нема да биде ни малку лесно да се влезе во борба за некој од медалите.

Каратистите на Макпетрол се максимално подготвени и во изјавата од нивниот тренер Бошко Заборски, од нив се очекува да прикажат добри борби, висока техничка подготвеност и да се закитат со некој од медалите. Да напоменеме дека за македонските каратисти ова натпреварување е од голема важност, бидејќи ова натпреварување е ставено како критериумски турнир за влез во младинската државна
репрезентација.

За Умаг денеска ќе отпатуваат следните спортисти:

1. Анѓела Мојсовска У21, категорија -68 кг

2. Стефан Стојановиќ, кадет -70 кг

3. Глигор Петков У1, категорија -84 кг

4. Кристијан Бошковски, Јуниор -68 кг

5. Данило Божовиќ, кадет +55кг

6. Димитар Лозановски, кадет -63 кг

7. Марија Петровска, јуниор -48 кг

8.Давуд Рамадановски, јуниор -68 кг

9. Роберто Ацковски, У21 -67 кг

10.Абдурахим Идризи, У21 -60 кг

Во Умаг спортистите ќе ги предводи помошниот тренер на Макпетрол, Петар Заборски.