Најатрактивната жена во светот има 62 години
Позната американска манекенка Кристи Бринкли во февруари наполни 62 години, но тоа воопшто не може да се погоди според нејзиниот изглед.
Кристи, која ја носи тутулата „најатрактивна жена на светот“, деновиве се појави на промиција на книгата на модниот дизајнер Томи Хилфигер и предизвика големо вниамние најавноста, пишува „Дејли Мејл“.
Како тајна на нејзиниот изглед оваа мајка на три деца од четири брака, ја истакнува генетиката, но и одредени животни одрекувања. Кристи со години е вегетаријанка.
Нејзините утрата започнуваат со филџан капучино, јогурт од коза со органски капинки, боровинки, малини, папаја, чиа семки, овес и ореви. Понекогаш за појадок јаде омлет од белки со спанаќ и печурки.
Ручекот и се состои од салата од грав, а попладне пие сок од зелка, лимета, авокадо и портокали. За вечера јаде ориз со леќа, пржени пиперки, анасон и слатки компири.
Исто така, таа се труди се повеќе да се движи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација