Надал: Сега не можам да играм толку многу натпревари како порано
Рафаел Надал кажа како се чувствува по мечот со Стен Вавринка на егзибицискиот турнир во тенискиот клуб „Харлингем“ во Лондон.
За Шпанецот, кој беше подложен на третман на левото стапало, ова е единствен турнир на трева пред Грен слемот Вимблдон. Надал во првиот меч го победи Вавринка.
– Не сум играл на трева долго време. Не бев во можност да го сторам тоа од 2019 година. Прво поради пандемијата, потоа поради повредата. Затоа, јас сум многу среќен. За мене е многу добро што ќе одиграм неколку натпревари пред Вимблдон. Одамна играв во „Квинс клуб“, но сега сум постар и не можам да играм толку многу натпревари. И да се одиграат неколку натпревари пред Вимблдон е идеално. Барем ќе се добие некој натпреварувачки ритам за тревна подлога, изјави Надал.
Грен слемот во Лондон ќе се игра од 27 јуни до 10 јули.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење