Loading Video...
Тенис
13. May 2021 - 18:14

Надал се спаси од елиминација во Рим

 
На  АТП Мастерсот во Рим денеска на програмата дуелите од 1/8 финалето  мажи 
 
Вториот носител во Рим, Рафаел Надал се спаси од елиминација. Иако неговиот противник Канаѓанецот, Денис Шаповалов го доби првиот сет (6-3), а во вториот имаше и предност од 3-0 во гемови, па дури и во третиот имаше и меч топка, сепак Шпанецот се врати во игра, и да го добие решавачкиот сет по тај-брејкот.
 
Во четвртфиналето Надал  ќе игра со подобриот до дуелот меѓу (6) Александер Зверев (Германија) и Кеи Нишикори (Јапонија) 
 
Затоа пак топ фаворитот Новак Ѓоковиќ немаше проблеми во осминафиналето против Алехандро ФОКИНА кој го доби со 6-2 и 6-1.
 
Во четвртфиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има Гркот, Стефанос Циципас, кој со 2:0 во сетови беше подобар од домашниот тенисер Матео Беретини.