Loading Video...
Тенис
12. јуни 2018 - 15:57

Надал размислува дали ќе настапи на Вимблдон

 
Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал може да го пропушти неофицијалното  Светско првенство во тенис, како многумина го нарекуваат „Вимблдон“. 
 
Надал кој во неделата го освои 11-от трофеј на „Ролан Гарос“, најави дека ќе ја разгледа ситуацијата и ќе одлучи дали ќе настапи на „Вимблдон“, иако до почетокот на Гренд слемот има уште 20 дена. 
 
„Тешко ми е во моментов да размислувам за „Вимблдон“. Сезоната на земја беше долга, a ги одиграв сите натпревари и овие два месеци беа исцрпувачки за мене. Би сакал секаде да играм, но морам прво да видам како се чувствувам. Голема промена е кога ќе преминете од земја на трева. Порано тоа го правев лесно, но тогаш бев помлад и побрз, истакна шпанскиот тенисер“, изјави Надал.
 
Иако Надал го пријави својот настап на турнирот во Квинс, кој се игра следната недела, сепак не е сигурен дали ќе може да настапи.
 
Надал би можел да го следи примерот на Роже Федерер, сезонава не настапуваше на турнирите кои се играа на земјена подлога. 
 
Останува да се види, дали Надал дефинитивно ќе ги прескокне дуелите „Вимблдон“ чиј старт е закажан за 2 јули.