Тенис
7. јуни 2018 - 15:10

Надал по два дена игра обезбеди полуфинале на Р.Гарос

По два дена игра поради проблеми со дождот Рафаел Надал успеа во три сета (4:6, 6:3, 6:2 и 6:2) да го елиминира Аргентинецот Диего Шварцман и да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос каде ќе игра со победникот од мечот Дел Потро-Чилиќ. 

Шварцман си обезбеди историја како единствниот тенисер досега кој на годинешново издание на Ролан Гарос успеа да му одземе сет на Шпанецот. 
Првото финале во Париз е веќе формирано и во него ќе играат Доминик Тим и Марко Чекинато.