Свет
1. March 2016 - 17:08

Над небото во Шкотска блеснала чудна светлина а куќите се треселе!

Експлозија на метеор ги уплашила граѓаните на Шкотска минатата ноќ, во полиција се јавиле многу луѓе кои не знаеле за што се работи.
 
Всушност, огнена топка го осветлила небото над Шкотска и уплашила многу граѓани на оваа земја, а телефонот во полицијата непреќинато ѕвонел.
 
 
"Еден човек ни рече дека на небото се појавила огнена топка, а други дека слушнале силна експлозија, додека некои тврделе дека им се затресло тлото под нозете. Проверивме за што се работи и тоа бил метеор", вели портпаролката на полицијата.
 
Сепак, Министерството за одбрана одбило да го искоментира овој случај.