Над 80 локации во мрак како дел од Часот на планетата Земја

Македонија денеска во 20:30 часот по локално време со гаснење на светилките во над 80 локации ќе се приклучи кон глобалната акција „Час на планетата Земја“.
Еден час во мрак во Скопје ќе бидат плоштадот Македонија со споменици, Порта Македонија, улицата Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, Колонада, Јавното обвинителство, Министерството за надворешни работи, плоштадите „Мајка Тереза“ и „Филип Втори“, Мостот „Око“ и Мостот на уметноста, Палата Пелистер, Ристиќева палата, Сити галери и хотел „Мериот“.
Учество во акцијата најавија и скопските општини Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба и Центар, како и трговските центри „Капитол“ и „Скопје сити мол“.
Во Охрид во мрак ќе потонат црквата Свети Јован Канео и Самуиловите тврдини, а ќе се исклучат и голем број локации во Струмица, Крушево, Битола, Ресен, Ранковце, Демир Хисар, Берово, Крива Паланка, Гостивар...
Централниот настан ќе се одржи на плоштадот Македонија каде волонтери на Црвениот крст со петстотини свеќи ќе го испишат логото на акцијата 60+.
Со поддршка на ЕВН Македонија, во мрак ќе се одржи и акустичен концерт на македонската пејачка Теа Трајковска, а присутните ќе добијат флуоросцентна алка и флуоросцентен цртеж за лицето и да се приклучат кон одбележувањето на Часот на планетата Земја.
Под мотото „Поврзи се со планетата“ годинава ќе се спроведат низа активности, а една од нив е настанот „Дрвца за планетата Земја“ кој предвидува засадување на илјадници дрва во скоро сите локации кои ќе потонат во мрак за Часот на планетата Земја. Освен во централното градско подрачје, дрвца ќе бидат засадени и во Куманово, Велес и Радовиш.
Годинава, Македонија по девети пат се приклучува во акцијата „Час на планетата Земја“. Кон акцијата годинава ќе се приклучат над 180 земји и 7000 градови ширум светот.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
