Loading Video...
Спорт плус
6. October 2019 - 15:50

Над 2.000 учесници на третото издание на „Скопје трча 10 км“

Денеска во Скопје се одржа третото издание на манифестацијата Скопје трча
 
Околу 2.000 тркачи, денеска настапија на третото издание на „Скопје трча 10 км“, на кое беа соборени и два македонски рекорди
 
Во трките на 10 километри, најнапред во машка конкуренција Дарио Ивановски со постигнатото време 31.07, постави нов македонски рекорд (на 10 км на улична трка), оставајќи ги зад себе Милош Ранчиќ (33.44 минути) и трето пласираниот Атанас Анчевски (33.49 минути)
 
За нов македонски рекорд кај дамите се погрижи Теодора Симовиќ кој истрча вре,е од 34.59 минути. По неа следуваа Андријана Поп Арсова со 37.02, додека третото место и припадна на Билјана Караџиева со 37.59.
 
Интересе привлече и штафетната трка во која беа беше тимот на „Game On“ со резултат 36:34 минути, по нив следуваа „NRC-NIKE+RUN CLUB“ и “3P DEVELOPMENT“.