Loading Video...
Свет
4. December 2022 - 16:30

Над 100 кинески полициски станици во странство, некои и на Балканот

Пекинг воспоставил повеќе од сто полициски станица ширум светот, вклучително и на Балканот, за да ги следи, вознемирува и во некои случаи да ги враќа во Кина своите државјани кои живеат во егзил,  објави  Шпанската невладина организација за заштита на човековите права „Сејфгард дифендерс.

Според организацијата, Кина го користеле билатерални безбедносни договори со земјите во Африка и Европа да ги формира полициските  станици во странство, но Пекинг негира дека има непријавени полициски станици надвор од територијата на Кина. Тврди дека споменатите објекти се административни центри, воспоставени за да им помогнат на кинеските иселеници во нивните потреби, како на пример продолжување на нивните возачки дозволи или лични документи

Иран ја распушти полицијата за морал ,која е задолжена да го спроведува исламскиот кодекс на облекување во земјата изјави јавниот обвинител Мохамед Монтазаери.

Монтазаери истакна  и дека иранскиот парламент и судството ќе го разгледаат законот со кој жените се обврзуваат да носат марама. Полицијата за морал во септември  ја уапси 22 годишната  иранка Махса Амини поради непочитување на кодексот за облекување и чија смрт во притвор предизвика  масовни протести ширум Иран.

Нејзиното семејство тврди  дека Амини починала откако била претепана во притвор.  Моралната полиција, позната како Гашт-е Ершад беше формирана за време на мандатот на ултраконзервативниот претседател Махмуд Ахмадинеџад .

Највисокиот вулкан во  Индонезија, Семеру еруптираше и исфрли пепел, чад и лава.Властите го подигнаа предупредувањето за вулканот на островот Јава на највисоко ниво и евакуираа речиси 2000 луѓе.  Последната голема ерупција на Семеру беше пред една година , кога 51 лице загина во селата кои беа затрупани во слоеви кал.

Со 142 вулкани, Индонезија има најголемо население на глобално ниво кое живее во близина на вулкан, вклучувајќи 8,6 милиони на 10 километри.