Живот
24. October 2018 - 20:31

Нацистички авион се урна на автопат: Летало од Втората светска војна направи хаос во Калифорнија

Нацистички авион од Втората светска војна се урна на автопатот 101 во Калифорнија, по што се запалил.

Од запаленото летало спасен е пилотот кој се здобил со полесни повреди.

Авионот „фок-вулф ВФ 190“ паднал точно на автопат, а причината за несреќата се уште е непозната. И натаму е нејасно дали пилотот се обидел да го приземји авионот кога забележал дека постои проблем.

Инцидентот предизвикал застој и голема колона на патот, а полицијата возачите ги пренасочувала на обиколница.

Авионот наводно му припаѓал на аероклуб кој се наоѓа близу местото на несреќата.