Националната опера и балет ќе емитува оперски и балетски претстави на „јутјуб“
Националната опера и балет информира дека од утре со почеток во 20.00 часот, на нејзиниот официјален „јутјуб“ канал ќе емитува оперски и балетски претстави.
Секој вторник ќе биде резервиран за балетската уметност додека секој петок ќе биде термин за љубителите на оперската уметност. За оваа цел ќе ја користиме алатката на јутјуб премиера која ќе и овозможи на нашата публика од целиот свет да се вклучи во магијата на оперската и балетската музичка уметност. За оние кои што не се во можност да ја гледаат дигиталната премиера на нашите претстави во реално време, секоја емитувана претстава ќе биде достапна 24 часа по првичното емитување, информираат од Националната опера и балет.
-Нашата земја, како и остатокот од светот, доживува многу тешко време, и иако не можеме да настапиме пред публика во живо, ние сме возбудени да ги споделиме нашите претстави дигитално и културно да ја поддржиме нашата публика за време на оваа криза, велат од Националната опера и балет.
Информираат дека во месец април ќе започнат со балетската претстава „Лебедово езеро” од П. И. Чајковски, потоа операта „Боеми“ од Џакомо Пучини на 10 април, светската дигитална премиера на балетската претстава „Клеопатра“ е закажана за 14 април, додека операта „Евгениј Онегин“ од П. И. Чајковски е на 17 април.
Балетот „Дон Кихот“ е на 20 април, а на 24 април публиката ќе има можност да го гледа традиционалниот концерт по повод празникот Василица насловен „Disco fever”.
За распоредот на закажаните дигитални премиери следете ја веб страницата www.operabalet.mk, и претплатете се на официјалниот „јутјуб“ канал на Национална опера и балет www.youtube.com/user/makoib.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово