Ракомет
26. October 2017 - 10:53

Начевски - Николов ќе судат на ЕП во Хрватска 2018

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од 12-те судиски парови кои ќе судат на Европското првенство во ракомет што во јануари 2018 година ќе се одржи во Хрватска. 

Ова за македонската двојка е ново големо натпреварување откако во последните години постојано се дела од Европските првенства, Светските првенства, завршните турнири во Келн од ЛШ, Супер Глоуб купот како и Олимписките игри.