Македонија
26. September 2017 - 14:13

Началникот на ГШ на АРМ во посета на БиХ

Делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ генерал-потполковник Методија Величковски, од денеска е во дводневна официјална посета на  вооружените сили на Босна и Херцеговина, соопшти Министерството за одбрана.

Генералот Величковски во текот на утрешниот ден ќе има средба со својот домаќин, началникот на здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина, генерал-полковник Анто Јелеч.

 За време на престојот во Босна и Херцеговина, македонската воена делегација ќе ги посети припадниците од АРМ кои се во состав на мисијата на силите на европската унија за стабилизација „ЕУФОР-Алтеа“, при што генералот Величковски ќе се состане со командантот на мисијата генерал мајор Антон Валднер.