Македонија
17. November 2018 - 16:18

Набавени 12 возила за Брзата помош

Скопската брза помош конечно ќе го прошири возниот парк. Министерството за здравство ја завршило набавката на 12 возила од кои дури 6 ќе бидат за службата во Скопје. Но колку и тие ќе бидат доволни за покривање на целата територија на главниот град и навремен одговор кај сите итни случаи? Според СЗО, на 50 илјади жители е потребно едно возило, а во моментот според капациентите на Брза помош, една екипа покрива 150 000. Здравствените власти за ова потрошиле 300 000 евра, а колку за споредба, од буџетот за 2019 година Владата планира дури 3,7 милиони евра за набавка на возила за министерствата и други државни институции.

-При набавката на амбулантните возила постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра кои ќе бидат наменети за други потреби. Со набавката на возилата се подобруваат условите и на пацинетите им се овозможува услугата која им е неопходна, а ние ја чекаме и физибилити студијата за јавно приватно партнерство во брза Помош, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче најави и 40 нови вработувања за Здравствен дом Скопје, од кои најголем број ќе бидат за Брза Помош. Вели дека со ова ја зајакнуваат примарната здравствена заштита бидејќи е првата алка во здравствениот систем. Но во овој дел се изоставени и матичните лекари кои вчера протестираа  за ригорозните договори што им ги нуди Фондот и незаинтересираноста на надлежните за нивните барања.

-Сите бараат и неможеме во исто време да одговориме на сите барања. Но матичните треба и да дежураат 24часовно, како што им стои во договоритер а некои го одбиваа тоа како што ја имавме ситуацијата во Неготино кога тамошната итна помош остана без лекар и требаше матични да дежураат. Но моделот е исзготвен, ке разговараме, правиме и анализи со Фондот, вели Филипче.

И додека матичните чекаат надлежните да го слушнат и нивниот глас, Филипче за лекарите во Брза помош најави проект кој бил подржан од Фоиндот за иновации, каде преку едукативна институција од Израел лекарите ќе се едуцираат за давање на поинаков вид на услуги на лице место, со што треба да се скрати времето на транспорт до болниците.