На Табановце за влез се чека 30 минути, на Богородица и Дојран за излез 45 минути
Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничниот премин Табановце за влез е околу 30 минути, а на граничните премини Богородица и Дојран за излез од земјава околу 45 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот.
На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали - петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот.
Ново на Сител
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување