Македонија
24. December 2015 - 8:50

На скопскиот аеродром летовите реализирани, освен за Истанбул

Густата магла изутринава не го попречува одвивањето на сообраќајот на скопскиот аеродром. Досега сите планирани полетувања и слетувања се реализирани, освен летовите за Истанбул.

Според веб страницата на аеродомот „Александар Велики“, следното полетување е за Бергамо во 11:45 часот, а првото слетување на скопскиот аеродром по откажаниот лет за Истанбул е од Дортмунд во 11 часот. 

Во патниот сообраќај на одредени патни правци има намалена видливост. На патните правци Тетово - Скопје, Велес - Градско, Неготино -Демир Капија и Сарамзалино - Штип видливоста е намалена од 30 до 50 метри.