На протестите во Москва повредени најмалку 42 полицајци
На забранетите протести на приврзаниците на уапсениот руски опозициски лидер Алексеј Навални во Москва се повредени најмалку 42 полицајци.
– Засега знаеме дека се полесно повредени 42 припадника на безбедносните сили, наведуваат официјални извори, објави ТАСС. Полицијата започна истрага за нападите врз полицајците, изјави Јулија Иванова, претставничка на московската канцеларија на Истражниот комитет.
– Со истрагата ќе бидат утврдени фактите за илегалните активности, акциите и луѓето кои се одговорни за нив, нагласи Иванова. Во центарот на Москва денеска се собраа повеќе од 40.000 луѓе во знак на поддршка за упасениот опозициски лидер Алексеј Навални.
Протестите, кои се забранети од руските власти, беа организирани во околу 100 градови низ Русија, а според информациите на Си Ен Ен уапсени уапсени се најмалку 1.800 луѓе, меѓу кои и Љубов Собољ, блиска соработничка на Навални и член на неговиот адвокатски тим.
Полицијата употребила сила на протесетите, а демонстрантите одговориле со фрлање снежни топки.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот