-->
-->
На принцот Ендрју му е забрането да вечера со кралското семејство
-->
Британското кралско семејство му забрани на војводата од Јорк, принцот Ендрју да јаде со својот постар брат – војводата од Велс, принцот Чарлс и други членови на семејството. Покрај тоа, војводата, кому му се суди за сексуален напад, на гозбата по повод празникот на полковниците на Армијата, беше замолен повеќе да не ја претставува Гренадерската гарда, и беше побарано да го напушти настанот пред да почне вечерата, пренесува „Сан“.
Тој, сепак, на крајот присуствуваше на вечерата како приватно лице. Гласноговорникот на „Кларенс хаус“ истакна: „Гренадерската гарда е претставена од регионалниот генерал-потполковник Роланд Вокер“.
Вирџинија Робертс го тужи вториот син на кралицата за наводна сексуална злоупотреба врз неа кога таа била тинејџерка. Робертс тврди дека била жртва на трговија на педофилот милијардер Џефри Епштајн – поранешен пријател на војводата, и била сексуално злоупотребена од војводата Ендрју во Лондон, кога имала 17 години – малолетничка според американскиот закон. Британскиот престолонаследник, деветти во редот, постојано ги отфрла обвиненијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација