-->
-->
На овие места наврна најмногу дожд
-->
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Маврово - 30 литри на метар квадратен, потоа во Лазарополе 19, во Дебар 14 и во Пожаране 10 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје-Петровец и во Куманово наврнал еден литар на метар квадратен, во Претор, Тополчани, Охрид и Прилеп 2, во Крушево 3, и во Тетово и Скопје-Зајчев Рид 4 литри на метар квадратен.
Времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е ретка појава на град. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, особено во задните делови од земјава каде се очекува да наврнат околу 60 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, повремено и силен ветер од јужен правец, повеќе ќе биде изразен во јужните и западните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава.
Во четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини ќе преминат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид