Македонија
23. August 2019 - 17:17

На крајот од летните одмори почнува реконструкција на нова улица - сообраќајниот метеж се зголемува

Уште една улица во Скопје е затворена за сообраќај  поради реконструкција. Граѓаните да имаат разбирање побара градоначалникот Шилегов кој вети дека до крајот на месецов ќе бидат завршени сите градежни активности по улиците. Локалните власти почнаа со реконструкција на улицата 23 Октомври во Аеродром и ветија дека до следниот петок ќе биде завршена. Во оваа општина се реконструираат уште неколку улици.

- Интезивно работи на многу сообраќајници. При крај сме. Центарот но и помошните улици во скоро време ќе бидат завршени. На оваа улица воведуваме  нов стандард, на две релации ја работиме и очекувам многу брзо да заврши пред стартот на училишната година. Скопјани заслужуваат многу подобра инфраструтура од таа што ја затекнавме, - Петре Шилегов градоначалник на Град Скопје.

- Освен што редовно ги санираме оштетените улици и ударни дупки на целата територија на општината во изминатиот период изградивме и нови улици. Меѓу нив се улиците:- „Новопроектирана 8“ што ги поврзува Мичурин и Стар Аеродром „Новопроектирана 3“ кај висококатниците- повеќе улици во населба Лисиче, меѓу кои „Илија Димовски“- неколку пристапни улици на булевар „Трета македонска бригада“ улиците „Тодор Чангов 20“ и „Ѓорги Капчев9“ во Горно Лисиче, Златко Марин градоначалник на Општина Аеродром

Но, метежот во главниот град не стивнува, веќе неколку недели е раскопан булеварот Кочо Рацин во Центар. Градоначалникот Шилегов уверува дека тоа е за доброто на граѓаните бидејќи квалитетно се работи. Најави дека мостот Аеродром -  Ќерамидница ќе почне да го гради од ноември. Шилегов најави дека очекува одлука од Владата која следната недела треба да се изјасни дали ќе го финансира Градот за Трамвајски превоз во Скопје.