На ГП „Блато“ кај Дебар, минатата година рекордна фреквенција од над 1,42 милиони патници

На граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар, минатата година регистрирана е рекордна фреквенција на патници, или над 40 отсто повеќе од претходната година.
-Во текот на минатата година, на влез и излез регистрирани се вкупно 1.426.336 патници, при што 732.259 се регистрирани на влез во нашата земја, додека 694.107 на излез. Во споредба со претходната година значи зголемување за над 40 отсто. Имено тогаш бројот на патници изнесуваше 834.355, од нив на влез 444.294 и на излез 390.061 патници, рече за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, при последната посета на преминот оцени дека сè повеќе се претвора во вистински мост на поврзување за граѓаните кои патуваат на одмор во соседна Албанија, туристите што доаѓаат на бањско лекување, викенд престои или роднински посети и за други потреби.
-Затоа, заедно со колегите од Албанија веќе работиме на воведување на системот „One Stop“. Со соодветни инфраструктурни решенија ќе овозможиме побрз и поефикасен проток на патници и возила и трајно намалување на гужвите, особено во периодите со зголемен туристички сообраќај, најави тогаш министерот.
Зголемената фреквенција на ГП „Блато“, се должи, меѓу другото на подобрената патна инфраструктура. Тука, посебно со пуштањето во употреба на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), со кој оддалеченоста, од преминот, до Тирана, од 180 сега изнесува 72 километри, како и реконструкцијата на патниот правец Маврови Анови-Жировница, а претходно и делницата Жировница-Дебар.
Македонските државјани во Албанија преку преминот „Блато“, кој е на оддалеченост од четири километри од Дебар, минуваат, главно поради користење на летните одмори на албанското крајбрежје, користење на аеродромот во Тирана, за посета или на домашни веселби, кај свои роднини и пријатели.
Албанските државјани приминот го користат главно за шопинг во Дебар, каде набавуваат прехранбени артикли, облека, обувки, гориво, лекови, за добивање одредена здравствена услуга, како и за посета на туристички места. И тие поради роднинска поврзаност со дебрани, доаѓаат во посета на роднини или на домашни веселби кај нив.
МИА
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
