Балкан
30. January 2016 - 14:33

На Черноземски мафијата на Ал Капоне му помогнала да го убие кралот Александар во Марсеј!?

Атентатот во Марсеј врз кралот Александар I Караѓорѓевиќ се одигра на 9 октомври 1934 година, при неговата официјална посеета на Франција, во Марсеј пред Палатата Бурзе, во 16 часот и 20 минути.

Атентатор е Владо Черноземски, припадник на ВМРО, кој го усмртиил кралот со четири куршуми, а со еден полесно го повредил францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, кој поради неаддекватната медицинска помош, искрварил и почина. Ова е официјалната верзија за атентатот во Марсеј која сите ја знаат и по која засекогаш се промени историјата на Југославија и Балканот.

Но сега има и нова верзија за заднината на случајот, и наводно поврзаност со славниот мафијаш Ал Капоне.

Стана, жена на познат член на бандата на Ал Капоне, Антун Година, е мистериозната блондинка која им го донела оружјето на убијците на кралот Александар, открива во својата книга „Атентат 1934“ авторот Милан Богојевиќ.

Авторот открива досега скриени детали за убиството на кралот на Југославија во Марсеј, а ги пронашол во исповедта на Марија Кватерник, сопруга на Еуген Дида Кватерник, кој ги предводел атентаротите и му бил еден од сојузниците на Анте Павелиќ.

Foto: Arhivska fotografija

-Единствена мистерија од атентатот врз кралот која никогаш со сигурност не е решена е, која е мистериозната русокоса дама кој прошверцувале оружеј и бомби во Франција и пред самиот атентат им ги предала на убијците на Караѓорѓевиќ, вели Богојевиќ, и додава дека според неговото истражување, нашол цврст доказ дека тоа е Стана Година.

Foto: Wikipedia

 

Според неговите зборови овој податок го имала и југославенската тајна полиција, но целата истрага со години била оспорувана зошто наводно зад атентатот стоела Хитлерова Германија.

Foto: Wikipedia/Peacemaker67

 

Лажното име на Стана во пасошот било Марија Вондрачек, а опишана е како „убаво развиена, висока, со смеѓа коса, убави црти и дискретна шминка“.

Стана била згодна како курир, со задача да им го пренесе оружјето на атентаторите, што и го сторила со патничкиот воза за Париз, глумејќи бремена госпоѓа во средни година, а со себе носела експлозив.

Нејзниот сопруг Антон бил извонреден фалсификатор и за устажите фалсификувал пасоши од различни земји, а подоцна и вршел работи за усташката НДХ (Независна држава Хрватска), а бил и шеф на тајната полиција која го чувала Анте Павелиќ.

Потрагата по „убавата русокоса дама“ водена е низ цела Европа, а истрагата ја водела Европската полиција која докажала дека таа била дел од озлогласената група на Ал Капоне заедно со својот сопруг Антун.