Свет
4. March 2019 - 14:41

На аеродром во Манила запленети 1.500 желки залепени со селотејп

Филипинската полиција на аеродром во Манила запленила повеќе од 1.500 живи желки завиткани со селотејп.

Како што пренесе Би-Би-Си, желките биле пронајдени во четири куфери и можеле да се продадат за четири милиони пезоси (еден американски долар изнесува 51,80 филипински пезоси).

Полиција наведува дека желките биле оставени на аеродромот откако шверцерите дознале колкава е казната за незаконска трговија со диви животни. Доколку беа фатени, можеа да добијат казна затвор во траење од две години, и парична казна од 200.000 пезоси.

Вкупно биле пронајдени 1.529 желки од ралични видови. Меѓу нив имало и Sulcata Tortoises која се наоѓа на листата загрозени видови.

Желките често се чуваат како егзотични домашни миленици. Во Азија нивното месо се смета за афродизијак, а нивните коски се користат во медицината.