Loading Video...
Кошарка
20. April 2021 - 14:06

МЗТ Скопје убедливо надигран од Младост Земун

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е пред елиминација уште во првата фаза од плејофот во АБА 2 лигата.
 
На завршниот турнир што се одржува во Подгорица, аеродромци се убедливо поразени во првиот дуел од четвртфиналето од екипата на Младост Земун со 20 поени разлика 95-75.
 
Причината за ваквиот пораз тренерот Дарко Радуловиќ ја гледа пред се во лошата скок игра, но се надева дека по два дена неговите избраници ќе може да ја надополнат негативата.
 
 
„Нема што да се коментира многу, кога ќе ве натскокаат за 25 скока повеќе тешко е. Младост беше поагресивен, поборбен од нас. Имаме два дена да се вратиме по оваа голема негатива, не смееме да се предаваме“, изјави по мечот Радуловиќ. 
 
Во четвртфиналената серијата се играат два натпревари на кош разлика, а реваншот меѓу МЗТ и Младост е закажан за во четврток повторно во 12 часот. Подобриот тим од овој двомеч во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот Студентски центар – Слобода Ужице.
 
Во второто полуфинале ќе се сретнат подобрите од дуелите Борац Бања Лука – Подгорица и Спарс – Златибор. 
 
Финалето ќе се игра на 4 и 6 мај.