Loading Video...
Кошарка
20. March 2019 - 15:29

МЗТ Скопје против Спар во првиот полуфинален меч од АБА2 лигата

Македонскиот вицешампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Сараево против тимот на Спарс ќе ја започне полуфиналната пресметка во АБА2 лигата. 
 
Аеродромци кои во лигашкиот дел од сезоната два пати го победија составот на Спарс (во Сараево 75-71 и пред седум дена во Скопје, 92-77), веруваат дека може да обезбедат место во финалето, но и предупредуваат дека резултатот особено од последниот дуел не смее да ги залаже. 
 
„Победите над Спарс во регуларниот дел не значат ништо, бидејќи сега влогот е поголем. Сега е поинаку, нема поправен., Верувам дека играчите ќе влезат мотивирани и дека ќе го дадат максимумот во овој меч, па во Скопје ќе се вратиме со победа“, истакна тренерот на аеродромци Ѓорѓи Кочов.
 
Вечерашниот дуел меѓу Спарс и МЗТ Скопје А. ќе започне од 20 часот. 
 
Реваншот во „Јане Сандански“ е закажан за во недела ( 24 март), додека евентуалната мајсторка ќе се игра повторно во Сараево и тоа на 28 март (четврток) .
 
Подобриот тим од оваа пресметка во финалето ќе игра со победникот од дуелите меѓу Приморска и Борац