Кошарка
30. April 2019 - 19:58

МЗТ Скопје не успеа да се врати во првата АБА лига

Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја да се вратат во елитното друштво на АБА лигата. Во решавачкиот меч за влез во првата АБА лига, аеродромци загубија на гостувањето кај Задар со 86-75.
 
МЗТ добро го отвори мечот и се до 4.тата минута имаше и водство (18-17). Но, до крајот на првиот дел домаќините направија серија од 12:0, па ја добија четвртината со 29-18. 
 
Иако аеродормци го добија вториот период (22-21) сепак на пауза заминаа со негатива од 10 поени (40-50). 
 
Во вториот дел македонскиот вицепрвак заигра далеку подобро, па ја доби третата четвртина со 22-16 и во завршните десет минути влегоа со негатива од 4 поени (62-66). 
 
На нецели шест минути до крајот МЗТ стигна и до израмнување (68-68), но немаа сино-белите сили за комплетен резултатски пресврт, па ја крајот Задар славеше победа со конечни 86-75. 
 
Метфорд и Иванов постигнаа по 22 поени, а покрај нив единствен двоцифрен беше и Симоновски со 11 поени. Така МЗТ Скопје Аеродром пропушти двојна шанса да се врати во првата АБА лига, откако претходно во финалната серија од АБА2 беше надигран од Приморска, а во разигрувањето загуби од Задар со 2:1 во победи.