Кошарка
17. April 2019 - 19:10

МЗТ Скопје А. го дели една победа до пласман во првата АБА лига

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа победа над Задар во првиот меч од разигрувањето за влез во првата АБА лига.  МЗТ Скопје Аеродром забележа победа на гостувањето во Хрватска над Задар со 89-83. 
 
Триумфот аеродромци го остварија благодарение на играта во првото полувремето кое го добија со 21 поен разлика (57-36). „Сино-белите“ во на стартот на вториот дел имаа и најголеми 28 поени предност (66-38), но малку недостасуваше истата да ја прокоцкаа, бидејќи во завршните 90.секунди Задар намали на -5, но за среќа на македонскиот вицепрвак домаќините немаа сили за комплетен пресврт.
 
Сепак, целта се остварена и забележана е важна победа во која Бојкиќ постигна 24, Вудард 22, а Иванов 19 поени. 
 
Првата шанса за враќање во првата АБА лигата МЗТ Скопје ќе ја има на 23 април (следниот вторник од 18 часот), кога во „Јане Сандански“ ќе се игра реванш дуелот. Евентуалната мајсторка на програмата е на 30 април (вторник од 17 часот) во Задар.