Спорт плус
17. February 2016 - 15:33

МЗОИ: Божиновски остана без пласман во велеслалом

Македонскиот репрезентативец во скијање, Лука Божиновски, во средата настапи на трката во велеслалом на младинските Зимски олимписки игри во Лилехамер. Божиновски во велеслалом не оствари пласман, бидејќи не ја завршил втората трка.
 
Лука Божиновски, по првата велеслаломска трка, во конкуренција на 60 натпреварувачи се наоѓал на 33-та позиција, но во втората трка не стигнал до целта. Тој бил меѓу деветмината од 46-те скијачи кои стартувале во втората трка кои не стигнале до целта.
 
Трката во велеслалом беше трета на која Божиновски настапи во досегашниот тек од младинската зимска Олимпијада, претходно тој не ја заврши трката во супервелеслалом, а во комбинација го освои 24-то место.