МВР на Србија ги предупреди родителите за уште еден предизвик на социјалните мрежи
Министерството за внатрешни работи на Србија доби писмо од Интерпол со предупредување дека циркулираат информации за повик за групно самоубиство на млади луѓе.
По тој повод, Министерството за внатрешни работи апелира до родителите да ги следат активностите на своите деца на социјалните мрежи.
Министерството било известено до Интерпол за информации што кружат на една социјална мрежа, во врска со групното самоубиство на млади луѓе, по што, иако дописот е само за информација, српското МВР веќе ги проверува наводите.
– Припадниците на Министерството за внатрешни работи со максимална претпазливост пристапуваат кон проверка на наведената или слична содржина на социјалните мрежи. Исто така, апелираме до родителите да обрнат внимание на однесувањето на нивните деца и содржината што ја следат на социјалните мрежи, соопшти српското МВР.
На крајот на јануари, Италија ја потресе смртта на десетгодишно девојче кое почина поради предизвик на „ТикТок“.
Предизвикот, како што се наведува, имал за цел да се остане што подолго без воздух, што имало фатални последици за девојчето.
По овој случај, во Србија се појави веста за самоубиството на момче, што наводно имаше врска со овој предизвик на социјалната мрежа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица