Македонија
26. November 2021 - 14:53

МВР ги пломбираше канцелариите на „Беса транс“

Попладнево претставници на МВР од секторот за техничка криминологија поставија налепници на канцелариите на агенцијата „Беса транс“ на кои стои печатот на ова одделение, пренесува Алсат.

Тоа значи дека сопственикот на „Беса транс“ треба да се појави во овој сектор за да ги расчисти дилемите и прашањата што ги поставуваат надлежните органи.