Фудбал
12. May 2017 - 8:48

Мурињо призна дека Јунајтед димал среќа против Селта

Жозе Мурињо призна дека Манчестер Juнајтед имал многу среќа што ја минал шпанската екипа Селта Виго и се пласира во финалето во Европа Лигата 

„Би бил среќен да сум дел од ваков клуб. Селта одигра одлично и треба да бидат горди. Знам дека се тажни, но можат да чекорат со главите горе, бидејќи се супер екипа. Жал ми е за нив“, изјави Мурињо по синоќешниот реванш меч со Селта кој заврши 1:1. 
 
Манчестер Јунајтед во финалето место обезбеди благодарение на победата од 1:0 на гостувањето во Виго, па за трофејот, но и пласман во Лигата на шампионите следната сезона ќе игра против Ајакс кој го елиминира Олимпик Лион. 
 
Финалниот меч ќе се одигра на 24 мај во Стокхолм.