Мурињо: Јунајтед може да згреши, ако го назначи за постојано Солскјер
Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го предупреди клубот дека назначувањето на Оле Гунар Солскјер за постојан тренер на тимот може да стане голема грешка. Токму Норвежанецот ги презеде привремено „црвените ѓаволи“, откако во декември Мурињо беше отпуштен.
По доаѓањето на „Олд Трафорд“, Солскјер ја промени и играта, и атмосферата во клубот. Под негово водство екипата демонстрира класа фудбал и позитивни резултати, благодарение на кое „црвените ѓаволи“ се искачија на табелата и го заземаат четвртото место во Премиер лигата.
Сега Солскјер се смета за главен фаворит за постојан тренер, но Мурињо верува дека Норвежанецот нема доволно искуство за да ги гарантира резултатите на долг рок.
– Земете го Фулам на пример. Како можеа да добијат подобар тренер од Раниери? Никако! Како да го споредите искуството на Клаудио и Скот Паркер, кој за првпат тренира тим? Не можете! Но, во фудбалот постојат примери, а тука го ставам и мојот поранешен клуб, кога промената има непосреден ефект. Не верувам во такви преуредувања на долг рок, но понекогаш тие можат да обезбедат некои позитивни резултати во моментот, рече португалскиот стратег за „Беин Спортс“.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК