Муцунски: Општина Аеродром не потроши ниту денар за патни трошоци и угостителски услуги во 2022 година
2022 – Година со НУЛА денари потрошени за угостителски услуги и патни трошоци во Општина Аеродром
За првпат од своето постоење, Општина Аеродром во една буџетска година ќе потроши нула денари за репрезентација и патни трошоци. За споредба, во 2021 година, до почетокот на нашиот мандат за угостителски услуги биле потрошени 167.279,00 денари, а за патни трошоци 155.941,00 денари.
Непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии немаат никаков директен бенефит за аеродромци. Затоа, ставаме крај на недомаќинското работење и ги отстрануваме непотребните трошоци. Аеродромци се сведоци дека #ПроменитеСеСлучуваат, а ние продолжуваме со засилено темпо да работиме за интересите на граѓаните од Општина Аеродром.
Фејсбук-статус на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција