Живот
5. September 2017 - 12:40

Му паднала толку многу коса што од срам немал секс 3 години: Денес изгледа вака и не може да се одбрани од додворувачи!

Мајк Бут на 25 години изгубил толку многу коса што во голема мера се одразила на неговата самодоверба и сексуален живот. Потрошил повеќе од 6.000 евра на трансплатација на коса и денес изгледа сосема поинаку.

Веќе во раните дваесети години Мајк почнал да ја губи косата, а со неа и самодовербата. Од пријателите го криел својот проблем и ќелавата глава ја прекривал со марама. Се откажал и од секс, а потоа еден ден решил да промени нешто.

Дал повеќе од 6.000 евра на пресадување на коса, но не бил задоволен од резултатите, па се пријавил во емисијата E4′s Body Fixers, и пред групата шокирани фризери открил и покажал како изгледа неговата глава.

Во емисијата, му дале прамен од коса кој сам се лепи на главата, додека не му израсне косата која му ја пресадиле. Неговата коса сега изгледа импресивно.

Мајк, кој се изјаснил како геј, сега привлекува внимание и од мажите и од жените, но истакнува дека се чува за не кој посебен.

- Неверојатно е колку добро изгледа. А се држи со помош на лепливи траки. Не можев да поверувам кога видов, изјавил Мајк.

Вели дека ниту една секунда не ѓалел што се пријавил во емисијата и дека откако го има тој вештачки додаток, чувствува дека луѓето повторно го приметуваат што му е убаво.

- Кога мојата нова коса потполно израсне, ќе престанам да носам го носам додатокот. Сакам повторно да патувам и пливам во океан, и да ги правам сите оние работи кои не сум можел да ги правам поради косата, додава Мајк.