Македонија
11. February 2016 - 16:21

МТСП им ги исплати средствата на Заштитините трговски друштва

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека вчера извршило исплата на 250.398.348 денари за поврат на уплатени средства по основ на социјални придонеси за Заштитни трговски друштва и други правни субјекти коишто имаат вработено инвалидни лица.

Како што стои во денешното соопштение од МТСП, исплатата на Заштитните трговски друштва и другите правни субјекти коишто имаат вработено инвалидни лица е за период од шест месеци од минатата година, односно за период од 1 јуни 2015 година до 31 денември 2015 година.