Македонија
16. May 2018 - 8:56

МТСП и ФИТР ќе претстават можности за брзорастечки бизнис за млади

Министерството за труд и социјална политика (мтсп) и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска организираат настан „Можности за развој на брзорастечки бизнис за млади“. 

Ќе бидат претставени компании - корисници на програмата за самовработување од Оперативниот план и можностите за финансирање на компаниите преку инструментите на ФИТР.

Најавени се обраќања на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и на директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.