Македонија
28. July 2016 - 9:39

Мртов маж пронајден утрово во Градскиот парк во Скопје

Починато машко лице утринава е пронајдено на автобуската постојка кај Фонтана во Градски парк.

Според првичните информации станува збор за маж на возраст од 69 години.

Од МВР потврдуваат дека имаат пријава за починато лице додавајќи дека увидот е во тек во присуство на јавен обвинител, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Неофицијално лицето починало од природна смрт.